Македонија

Минусни утрински температури во цела држава, најстудено било во Берово

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -9 степени, -8 било во Крива Паланка, -7 во Маврови Анови, Попова Шапка, -6 во Крушево, Битола, -5 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Виница, -3 во Струмица, Охрид, -2 во Претор.

Висината на снежната покривка во седум часот утрово изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка и 12 во Маврови Анови.

Времето денеска

Утрото студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

На почеток