Свет

Студенти ги блокираа влезовите во Нови Сад: Се навршуваат 100 дена од уривањето на натстрешницата

Студентите кои со месеци протестираат низ Србија поради смртоносното уривање на настрешница во Нови Сад, денеска го блокираат најфреквентниот мост во Белград, Газела.

Според планот, собирот започна во 9 часот пред Земјоделскиот факултет, од каде учесниците во 9 часот и 20 минути пеш тргнаа кон мостот Газела. Блокадата на мостот се очекува да трае седум часа, од 11 до 18 часот.

Овие протести траат од 1 ноември минатата година, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на новообновената железничка станица во Нови Сад. Студентите бараат одговорност за оваа трагедија, тврдејќи дека корупцијата и неквалитетната работа довеле до несреќата.

Протестите се проширија во неколку градови во Србија, вклучително и масовниот митинг во Нови Сад, каде десетици илјади студенти и граѓани блокираа три моста во знак на протест.

И покрај оставките на некои владини функционери, студентите продолжуваат со протестите, барајќи суштински промени и одговорност за трагедијата.

Денес се навршуваат 100 дена од уривањето на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица. Студентите во Србија ги повикаа граѓаните денеска да се соберат масовно на улиците во Ниш, Белград, Власотинце, Чачак, Горњи Милановац и други места за да ги поддржат нивните барања.

На почеток