Вјолца Бајрами, службеник во Собрание, јавно му честита роденден на Перпарим, братот и бегалец од правдата
![Скопје 1](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/skopje1-small-logo-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/02/Vjolica-Bajrami.jpg)
Вјолца Бајрами во јавен пост на ФБ му го честита роденденот на нејзиниот брат, бегалецот од правдата и ексдиректор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами. Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра.
Од Бајрами нема ни трага ни глас. Додека е недостапен за органите на прогон, неговата сестра, висок административен службеник во Собрание и еден од луѓето од доверба на Талат Џафери додека беше спикер, за братот бегалец пишува дека е гордост на семејството.
„Среќен роденден душа на сестра 🌎🫀
Ти си гордост на семејството, се ќе ти биде како бела душа.
Оваа политика доаѓа до крај.
Да останете силни и спокојни, Бог да ве чува за добрите дела што сте ги направиле, колку семејства сте помогнале, ние и Бог знаеме.
Сестра ти многу те сака, горда сум на тебе.
Следниот роденден ќе го славиме многу, сите заедно”, напиша Вјолца Бајрами во честитката до Перпарим Бајрами.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)