Свет

Вучиќ ќе напише книга како ја победил „највалканата шарена револуција“

Таксистот јавил каде е терористот; Вучиќ со детали: Од затвор нема да излезе

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е готово со шарената револуција и со протестите, за кои тврди дека се платени однадвор.

Најави дека ќе издаде книга „Како ја победив шарената револуција“. Протестите на студентите по повод трагедијата на железничката станица во Нови Сад ги нарече „највалканата шарена револуција во човештвото“.

Од студентите побара да се вратат во школските клупите, и да се фатат за книга намето за ѕвончиња и знамиња.

„Слушајте го вашиот претседател, имам уште една и пол година, не повеќе од тоа, прогласете победа, исполнети ви се сите барања, вратете се во вашите клупи. Тогаш ќе направите најмногу за вашите родители, вашата земја, но и за себе и за вашите идни семејства. На оваа земја и треба знаење, а знаење без учење и работа не може. Книги деца, а не ѕвончиња и знамиња”, рече Вучиќ.

Ги повика на разговор студентските лидери, професорите, а тие секојдневно од протестите му порачуваат на Вучиќ дека не е надлежен.

„Да се обложиме дека ќе го направат тоа? Готово е. Претежно протестираат најбогатите. Основната структура на секоја револуција е да генерираат незадоволство. Ние барем кажуваме кој им ги плаќа сендвичите а тие не кажуваат кои им ги плаќа јагнињата, прасињата, автобусите. Некој од навдор, се работи за голема сума на пари. Самите се пофалија дека вложиле 3,1 милијарда за мое рушење, и веќе загубија“, рече Вучиќ.

На почеток