Скопје

Угина и мајмун во Зоолошката градина – сѐ уште не се знае од што

И мајмун од расата патас угинал во Зоолошката градина-Скопје, дознава „Скопје1“. За ова до сега, немаше никакво известување во јавноста. Не се знае ниту кога се случило угинувањето, ниту причините поради кои мајмунот угинал. Од Зоолошката градина прво ни кажаа дека не ни се точни информациите, за при повторно поставување на прашњата – да одговорат дека мајмунот угинал.

„Не знаеме конкретно за кој мајмун-патас прашувате, имаме сега брзо еден мајмун-патас угинат, резултатите покажуваат дека немал бактерии, сѐ уште немаме резултати од обдукцијата и немаме причини од кои угинал“ стои во одговорот од ЗОО-Скопје.

Зоолошката градина истовремено тврди дека лемурите кои ги вратиле од битолската Зоолошка градина, се живи и се третираат соодветно.

„Пред околу две години, сите лемури кои беа позајмени, а со тоа и лемурите од ЗОО Битола, се земени, вратени во нашата зоолошка градина. Лемурите земени, вратени од ЗОО Битола се живи“, велат од ЗОО-Скопје.

Пред да добиеме конкретни одговори, до Зоолошката ги поставивме истите прашања, но во првите одговори, тие се обидоа да ја сокријат информацијата за угинатиот мајмун.

„Ве покануваме да одберете термин и да ни најавите кога би дошле во зоолошката градина, со цел да направите репортажа и да видите во какви услови и на каков начин се чуваат животните. Воедно, во врска со поставените прашања, Ве известуваме дека информациите кои ги добивате не се точни и вистинити, а при Вашата посета, во директна комуникација, ќе Ви дадеме детални одговори и на овие, и на сите други прашања“, стоеше во одговорот од ЗОО-Скопје.

Претходниот вторник, од труење, угинале берберски овци.

Угинаа животни во скопската ЗОО, сомнежот е дека станува збор за труење

На почеток