„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Полицајка регистрирала возило кое било неисправно, МВР и поднесе кривична

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
tehnicki-pregled

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.П., референт за управни работи во Одделението за управни работи Куманово во Одделот за граѓански работи при МВР за кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

„Пријавената на 10.05.2024 во 14.26 часот на шалтерот на МВР во технички преглед во Куманово, без да ја запази процедурата за продолжување на регистрација на возило, извршила продолжување на регистрација и издала сообраќајна дозвола за товарно моторно возило, кое истиот ден во 13 часот било сопрено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово и со потврда за привремено одземени предмети било одземено поради истечена важност на сообраќајната дозвола од 28.12.2022 година.

Пријавената извршила продолжување на важноста на сообраќајната дозвола и промена на регистарски ознаки на товарното моторно возило и покрај тоа што возилото не ги поминало потребните проверки за исправност во станицата за технички преглед, затоа што претходно било одземено од страна на полициски службеници од ПС за БПС Куманово, со што на лице од Куманово му овозможила да се стекне со продолжување на сообраќајната дозвола спротивно на прописите за регистрација на моторни возила, воедно доведувајќи го и во поволна позиција во врска со понатамошниот исход од прекршочната постапка пред надлежен орган по поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен сообраќаен прекршок поради управување на возило со помината важност на сообраќајната дозвола.

— реклама —

Пријавената постапила несовесно и во делот на евидентирање на горенаведените дејствија со тоа што неуредно ги водела службените евиденции и списи, што резултирало со тоа да го снема службеното досие за продолжување и промена на сообраќајната дозвола за предметното возило. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М.П. поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место- суспензија до завршување на дисциплинската постапка“, вели МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library6mll1unr09r5a8l84Ry

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

Македонија | пред 14 часа

media-libraryu2c0m9v4n7h1bsWS6d5

Голема акција за организиран криминал: 33 осомничени за местење јавна набавка во ЕСМ, штета над 7,6 милиони евра

Македонија | пред 15 часа

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Патничка тешко повредена при нагло кочење на автобус во Скопје

Скопје | пред 17 часа

pari

Банкар од Прилеп осомничен за злоупотреба: си ги зголемувал кредитните лимити и стекнал над пола милион денари

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања