Промени тема
Контакт

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“, МВР со засилени превентивни и репресивни мерки против употребата на пиротехнички средства – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library6mll1unr09r5a8l84Ry

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Јасмина Георгиевска-Павловска и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, денеска на Плоштад „Македонија“ присуствуваа на показна вежба на децата од средното скопско училиште „Владо Тасевски“, во рамки на превентивната кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“.

Кампањата се реализира во организација на СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на Град Скопје, со поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, а нејзиниот фокус е ставен на подигање на јавната свест за сериозните ризици и последици од неовластената употреба на петарди и други пиротехнички средства, особено кај децата и младите.

— реклама —

Министерот Тошковски упати благодарност до сите институции и учесници вклучени во кампањата, нагласувајќи дека заштитата на животот и здравјето на најмладите е врвен приоритет.

„Овие превентивни активности имаат огромно значење. Ниту една прослава не вреди колку здравјето и животот на нашите деца. Благодарност до Црвениот крст, до Клиниката за пластична хирургија, до Средното училиште ‘Владо Тасевски’ и до учениците кои со своето учество испратија силна порака до јавноста“, изјави министерот Тошковски.

— реклама —

Во своето обраќање, министерот посочи дека Министерството за внатрешни работи годинава бележи значително зголемена откривачка активност во делот на нелегалната пиротехника.

— реклама —

„Заклучно со месец ноември 2025 година, откриени се околу 155.000 парчиња пиротехнички средства, што е речиси трипати повеќе во споредба со 2024 година, кога беа откриени околу 52.000 парчиња. Само во текот на овој месец, во рамки на посебна оперативна акција, запленети се дополнителни над 30.000 парчиња пиротехника“, истакна Тошковски.

Тој нагласи дека овие бројки се доказ за интензивната работа и посветеноста на полициските службеници, но воедно и аларм за големиот обем на пиротехнички средства што циркулираат во државата.

— реклама —

„Ќе продолжиме со решителни репресивни мерки, но превенцијата е суштинска. Мораме заеднички да ја подигнеме свеста дека пиротехниката не е неопходна за убави празници. Оваа порака ќе ја пренесуваме не само во Скопје, туку и низ целата држава“, порача министерот за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од користење на пиротехнички средства и заеднички да придонесат кон безбедни и мирни празници за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 5 часа

— реклама —
media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 5 часа

Нема фотографија

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево

Македонија | пред 7 часа

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања