Свет

САД се спротивставуваат Русија да се нарукува „агресор“ во изјавата на Г7

Во пресрет на третата годишнина од војната во Украина, се појавија знаци на несогласување во рамките на Г7. Според „Фајненшл тајмс“, Соединетите Држави се противат на нарекување Русија „агресор“ во заедничката изјава што групата ја објавува секоја година.

Петмина западни претставници запознаени со преговорите изјавија дека учеството на Володимир Зеленски на виртуелниот самит на Г7 во понеделник сè уште не е договорено. Од 2022 година, лидерите на Г7 редовно користат термини како „руска агресија“ за да ја опишат војната во нивните изјави. Во минатогодишното коминике, Г7 пет пати го спомена овој термин.

„Фајненшл тајмс“ цитира еден од официјалните претставници: „Јасни сме дека мора да се направи разлика меѓу Русија и Украина. Тие не се исти“.

Ова доаѓа додека САД преговараат со Русија за ставање крај на војната – разговори од кои Украина и Европа досега беа исклучени. Стравувањата дека САД би можеле да ја натераат Украина да направи отстапки дополнително се зголемија вчера, кога Доналд Трамп го нарече Зеленски „диктатор“ во жестока објава на социјалните мрежи.

На почеток