Администрацијата на Трамп и понуди на Украина нов нацрт-договор за минерали


Администрацијата на Трамп и понуди на Украина нов нацрт-договор за минерали. Да потсетиме дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби првата понуда, а сега е поверојатен договор, пишува Аксиос, повикувајќи се на информирани извори од двете страни.
Според Аксиос, неколку соработници на Зеленски го охрабриле да го потпише ажурираниот предлог за да избегне понатамошен конфликт со Трамп и да му дозволи на американскиот претседател да ја оправда американската поддршка за Украина.
„Има значително подобрување во неодамнешниот нацрт и тој е во согласност со украинскиот закон“, рече еден од изворите.
Советникот за национална безбедност на САД, Мајк Волц, во четвртокот им рече на новинарите дека Зеленски мора да се врати на преговорите за минерали.
– Ова се преговори. Украина сака да преговара за минерали, така што ние зборуваме за тоа, изјави претставник на Белата куќа.
