Скопје

(Фото) Скопјанка заврши во болница и со трауми трагајќи по кучето: Ако го видите, итно информирајте!

Скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска тринаесети ден го бара нејзиното куче Зои. Таа заврши во болница откако, како што сведочи, неколку пати добила повици од лица кои и барале пари заканувајќи се дека ќе го фрлат кучето во Вардар.

Screenshot

Таа посочува дека нејзиното куче е живо и дека нема да се откаже додека не го спаси.

Зои е изгубена во Скопје, поточно кај средното хемиско училиште односно кулите „Џевахир“.

„Се исплашила и истрачала додека ја шетал член на семејството. Досега никој не ја сликал ниту пресретнал. Па вклучена е можноста дека е земена. Доколку некој ја има забележано заѕвонете на следниот број 077 640 369“, стои во апелот.

Пред неколку дена, жената сведочеше дека и се јавувале од непознат број за да и кажат дека и го мачат кучето.

„Драги пријатели,некој да ми кажувал дека постои,идиот,психопат да мачи мало кутре,не би поверувала.! Пред 10 минути ми врти непознат број,и на спикер ја слушам Зои,аууу..аууу..со засипнат глас..И викам: Зои..Зоиии..душоооо😭😭😭плаче мила..Ми спушта телефон идиотот,ииии? Каде да го пријавам,кој може непознат број да открие? Покажува сила на мало невино кутре? Чека ли да престане Зои да плаче? Господе помогни ни да ја издржиме болката,тагата,се разболевме“, стои во објавата на скопјанката Гордана Брњарчевска Дренкоска.

На почеток