Промени тема
Контакт

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење, исполнети со успеси, посветеност и континуиран развој.

— реклама —

Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, низ кое поминале бројни генерации ученици што таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства.

— реклама —

Градоначалникот потсети дека во периодот кога ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода биле реализирани значајни инвестиции во ова училиште, како и во сите училишта на територијата на општината. Во тој период биле реконструирани и модернизирани училници, доградени нови простории, поставени фотоволтаични системи, како и обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за секое прваче. Дополнително, биле воведени паметни уреди и прочистувачи на воздух, со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.

Тој нагласи дека со истата посветеност продолжува и во својата сегашна функција како градоначалник на Град Скопје, најавувајќи нов инвестициски циклус насочен кон средните училишта, со цел обезбедување современи услови за образование преку воведување дигитална опрема и одржливи енергетски решенија.

— реклама —

На крајот, беа упатени честитки до учениците, наставниците и вработените, како и до сите кои се дел од историјата на училиштето, со порака дека тие се неговата најголема вредност и двигател на идниот развој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryjq2pfbfuqspkdhnfBul

(Фото) Фатен на дело како создава дива депонија во Кисела Вода, инспекторите веднаш го санкционираа

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytb3ud508667bd3vRR0V

(Видео) Скопје станува европска танцова сцена: Над 2.900 танчери доаѓаат на големото IDO првенство

Скопје | пред 2 седмици

media-library8nskkij5hd7c3DI8caq

(Видео) Дете падна од коњ среде улица во Скопје, коњот помина преку него

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања