Француски министер: Британците, Германците и ние сме подготвени да испратиме војници во Украина

Од
Објавено на

Францускиот министер за финансии Ерик Ломбард рече дека очекува САД да обезбедат поддршка за европските мировни сили по постигнувањето на прекин на огнот меѓу Украина и Русија.
Ломбард за телевизијата Блумберг во Кејп Таун, каде што присуствува на состанокот на министрите за финансии на Г20, изјави дека Велика Британија, Германија, Франција и другите европски земји се подготвени да испратат сили за да гарантираат спроведување на прекинот на огнот.
