Македонија

Муцунски отповика амбасадори назначени од Пендаровски

Со известување преку e-mail, Тимчо Муцунски синоќа отповика 9 амбасадори кои ги одобри поранешниот претседател Стево Пендаровски.
Одлуката на министерот е донесена во исто време додека се чекаше на пратеникот Антонио Милошески, да свика комисиска седница во собранието за нивно претставување.

Со одлука на МНР, отповикани се : Мето Белески (Брисел, Кралство Белгија), Катерина Ставревска (Лондон, Велика Британија), Зеќир Рамчиловиќ (Подгорица, Црна гора), Пајо Авировиќ (ОБСЕ), Емил Крстевски (Прага, Чешка Република), Јакуп Реџепи (Сараево, БиХ), Агнеза Руси (Софија, Бугарија), Џенк Сејфула (Стокхолм, Кралство Шведска), Андреј Жерновски (Букурешт, Романија).

Во образложението од МНР е наведено дека „неисполнет е членот 39 од Законот за надворешни работи, бидејќи не ги претставиле дипломатските тези пред Комисијата за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени амбасадори“.

На почеток