Македонија

Во март интерпелациите за петте члена на Судски совет во собраниската сала

Интерпелациите за петте члена на Судскиот совет, избрани од Законодавниот ден на седница ќе се разгледуваат во првата половина на март. Поднесени се од 67 пратеници од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се завработата на членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Петте члена на Судскиот совет одговориле на забелешките и наводите во интерпелациите, а деновиве материјалите ќе бидат доставени до сите пратеници, по што ќе се закаже седницата, рече денеска на редовниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.
Собранието може да дебатира за интерпелациите, но дури и изјаснувањето на пратениците не значи ништо, бидејќи Собранието не може да ги разреши. Премиерот Мицкоски побара нивна оставка, но членовите на Судски совет одбија да го послушаат.

На почеток