Известување до жителите од улиците „Будва“, „Винковачка“, „Прилепска“ и „Железничка“ во Охрид


Ј.П.„Охридски Комуналец” ги известува жителите од улиците: „Будва“, „Винковачка“, „Прилепска“ и „Железничка“ дека во деновите 12.02.2025 год (среда) и 15.02.2025 год.(сабота) ќе врши доделување на садови за отпад од пластика и хартија, за корисниците кои до овој момент не ги подигнале садовите.
Ј.П.„Охридски Комуналец” во месец декември 2024 год. започна со дистрибуција на 120 литарски садови за депонирање на селектиран отпад и тоа 600 садови (жолти) за депонирање отпад од пластика и 600 садови (сини) за депонирање отпад од хартија за домаќинства од улиците: ,,Будва”, ,,Винковачка”, ,,Прилепска” и ул.,,Железничка”
НАПОМЕНА: Доколку при доделувањето на садовите за отпад од пластика и хартија, корисниците од горенаведените улици не се затекнат во своите домови, должни се да ги подигнат од Р.Е.Механизација ул.,,АСНОМ” бб (работни денови 08:00 часот -13:00 часот и да донесат лична карта и сметка од Ј.П.„Охридски Комуналец”)
