„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Претседателот на Европскиот совет го отфрли барањето на Орбан за безусловен прекин на огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше самитот во Лондон, обвинувајќи ги европските лидери дека „одлучиле да ја продолжат војната наместо да изберат мир“, нарекувајќи го таквиот став погрешен, опасен и штетен. Независниот унгарски портал Директ36 изминатиот викенд објави дека Орбан испратил писмо до претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, барајќи итни преговори за прекин на огнот во Украина.

— реклама —

Орбан, заедно со словачкиот премиер Роберт Фицо, кој исто така има проруски ставови, сигнализираше дека може да ги блокира заклучоците на Европскиот совет за Украина кои се очекуваат подоцна оваа недела. Сепак, Коста не покажа загриженост кога беше прашан за заканите со вето на Орбан утринава, за време на посетата на Молдавија. Тој јасно ја отфрли идејата за прекин на огнот по секоја цена, велејќи: „Европската унија е мировен проект, а мирот подразбира безбедност и одбрана како приоритет. Затоа што мирот без одбрана е само илузија“.

„Никој не сака мир повеќе од Украинците, и затоа ние ги поддржуваме во нивната борба за трајно решение. Мирот не е само прекин на огнот што ќе и даде шанса на Русија да се реорганизира и да се врати уште посилна. Она што го сакаме е праведен и траен мир“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија, но има и лоша вест

Свет | пред 11 час

orban-zele

Планот на ЕУ за руските пари не носи мир – „Глупава идеја што ја турка Унијата кон војна“, вели Орбан

Свет | пред 1 ден

orban-tramp1

Орбан бара милијарди, Трамп вели – „Ништо не сум ветил“

Свет | пред 1 седмица

orban-zele

Орбан замина за Москва по руски гас и нафта, најави разговори и за Украина

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања