Свет

Не е лошо човек да се извини, вели Силјановска по реакциите за министерката Кочоска

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Ставот на претседателката е даден откако Кочоска одговараше на пратеничко прашање во Собранието, па на едно од излагањата и се обрати на пратеничката Славјанка Петровска. Таа и рече дека не може да зборува за мајките што имаат деца, оти нема деца.

Претседателката вели дека сите политичари, како и пратениците да внимаваат на говорот.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера. Мислам дека тоа ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.

Минатата недела, тешки зборови се разменија во собраниската сала на седницата на која се поставуваа пратенички прашања. Реакции на социјалните мрежи предизвика изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска ја праша врз основа на што ги става в уста мајките што имаат деца, таа е мајка на два сина и многу добро знае колку треба да троши едно 4-члено семејство.

„Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да ве кажам почитувана. За да кажам почитувана, треба да ја заслужите мојата почит. Врз основа на што вие ги ставате во уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4 члено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва, ама не сум сама, четири члена сме. Мораме да одиме во најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок. Тоа беше коментарот, зошто да купуваме грашоци кои се поскапи од 100 денари. Исто беше и за млекото. Некој може троши и по 18 литри, а некој воопшто не пие. Бадемовото вам ќе ви го оставам, вам ви треба, а не мене”, рече министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.

Министерката Кочоска: Изразив жалење, немам намера да навредам, ова ќе помине

На почеток