Лукашенко ги повика Трамп, Зеленски и Путин на преговири во Минск


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги покани претседателите на Соединетите Американски Држави, Русија и Украина, Доналд Трамп, Владимир Путин и Володимир Зеленски, да дојдат во Минск и да водат преговори за постигнување мир и ставање крај на војната во Украина.
Во интервју со блогерот Марио Науфал, Лукашенко рече дека нема потреба да се врши притисок врз Зеленски и дека е важно да се постигне договор со него, бидејќи голем дел од украинското општество ја поддржува неговата позиција, пренесе Белта.
„Нема потреба да се турка Зеленски, кој и да е тој. Мораме да се договориме со него. Ако сакаш, дојди. Минск е блиску до Киев, половина час со авион. Ги чекам Трамп, Путин и Зеленски, ќе седнеме и мирно ќе се договориме“, рече Лукашенко.
Тој истакна и дека верува оти Трамп е понезависен од неговиот претходник Џозеф Бајден, на кој, според него, големо влијание имале неговите советници. Лукашенко додаде дека Бајден поради карактерот и физичката кондиција имал потешкотии во донесувањето независни одлуки, додека Трамп е поспособен да носи одлуки.
