Норвешкиот премиер: Значително ја зголемуваме помошта за Украина, а она што го прават Американците е за жалење


Во исчекување на почетокот на самитот во Брисел (12:30 часот), добри вести за Украина доаѓаат од северна Европа. Норвешкиот премиер Јонас Гар Шторе утринава одржа говор во парламентот во кој најави дека „значително“ ќе ги зголеми средствата за помош за Украина.
„Нашата земја се соочува со најсериозна безбедносна ситуација од Втората светска војна“, рече Шторе, според Гардијан.
Тој се осврна и на тешкотиите во соработката со новата американска администрација предводена од Доналд Трамп, но додаде дека се надева на продолжување на односите. Тој го нарече американското суспендирање на воената помош „многу за жалење“ и ги пофали Велика Британија и Франција за преземањето водечка улога во европската поддршка за Украина.
Тој зборуваше и за потребата норвешкото општество да биде подобро подготвено за сите потенцијални кризи и ги повтори повиците за „зајакнување на граѓанската отпорност“.
