Свет

Џеј-Ди Венс: Слава на Украина демонстранти ја бркаа мојата тригодишна ќерка, с*ање!

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на платформата Х (поранешен Твитер) сподели дека додека се шетал со својата тригодишна ќерка, го следеле демонстранти кои извикувале „слава на Украина“, што, како што тврди, го вознемирило неговото дете.

„Денес, додека шетав со мојата тригодишна ќерка, ме следеа демонстранти кои извикуваа „Слава на Украина“, додека мојата ќерка стануваше сè повознемирена и исплашена“, напиша тој.

Венс вели дека се обидел да ја смири ситуацијата разговарајќи со демонстрантите, надевајќи се дека ќе го заштити своето дете.

“Решив да разговарам со демонстрантите со надеж дека можам да заменам неколку минутен разговор со тоа што ќе го оставам моето дете само. Речиси сите се согласија на крајот. Разговорот беше главно љубезен, но ако бркате тригодишно дете како дел од политички протест, тогаш сте вистинска посрана личност”, напиша Венс на X.

На почеток