Свет

Страшно злосторство во Босна и Херцеговина: По неколкудневна забава, млад човек убил врсник и пробал да му го распарчи телото, пишуваат медиумите

Тешко убиство извршил во неделата млад човек во градот Високо кај Сараево, кој потоа се обидел да ја распарчи својата жртва и на тој начин да ги прикрие трагите на злосторството, објавија во понеделник локалната полиција и медиумите.

Младиот човек идентификуван од медиумите како Дино Бахтовиќ (24) е уапсен откако полицијата добила информација дека е извршено убиство во стан во населбата Високо, Лука.

-Полициски службеници го лишиле од слобода лицето Д.Б., роден 2001 година од Високо, поради сомнение дека сторил кривично дело убиство, изјави портпаролот на полицијата Самир Валентиќ, додавајќи дека се прибираат потребните докази.

Осомничениот, како што појаснија истражните органи, по кривична постапка ќе биде предаден на Зеничко-добојското обвинителство, кое ќе ја продолжи истрагата.

Според достапните информации, убиецот и жртвата се познавале, а убиството е извршено по неколкудневна „журка“ во која учествувале и двајцата. Порталот „Дневни аваз“ како можна причина за конфликтот кој заврши со брутално убиство ја наведува кавгата за девојка.

Убиецот, наводно, се обидел да го распарчи телото на жртвата по злосторството, а деловите од телото планирал да ги отстрани така што ги спакувал во куфер за потоа да ги фрла.

Тој беше повреден во процесот и мораше да добие лекарска помош по неговото апсење.

На почеток