(Видео) Ова е објектот кој неофицијално имал и лиценца да биде дискотека, а каде загинаа 51 лице

Од
Објавено на

Засега нема официјални одговори дали дискотеката „Пулс“ имала лиценца за ноќен клуб, иако некои од медиумите брифираат дека лиценца била издадена која важи до 24 март. Останува отворено прашањето, кој дозволил во куќа во населено место, да има дискотека.
Жители кои ја посетувале сведочат дека станува збор за простор кој има тесен простор за влез и излез, каде имало стампедо кога настанал пожарот.
Клубот е сместен во објект кој изгледа како куќа, а дел од прозорците биле со решетки.
