Македонија

Сочувство од ДУИ: Ова е огромна загуба за семејствата, за Кочани и за целата наша држава

Сочувство за трагедијата во дискотеката во Кочани изрази Демократската унија за интеграција.

„ДУИ изразува најдлабока тага за тешката трагедија во Кочани, каде досега 59 лица го загубија животот, а повеќе од 150 се повредени во разорниот пожар во ноќен клуб”, велат од ДУИ и најавија дека ги откажуваат сите партиски активности и собири за една недела.

„Ова е огромна загуба за семејствата, за градот Кочани и за целата наша држава. Како знак на солидарност и почит, ДУИ одлучи да ги откаже сите партиски активности и собири за една недела. Ова е момент на жалост и размислување, каде што целото внимание треба да биде насочено кон жртвите, нивните семејства и преживеаните. Во овие тешки моменти, ДУИ стои со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа трагедија”, стои во соопштението од ДУИ.

На почеток