Таравари: Сите хоспитализирани се во стабилна состојба, надвор од државата 51 повреден

Од
Објавено на

Таравари во денешниот прес изјави дека сите хоспитализирани пациенти се во стабилна состојба, додека надвор од државата се пренесени 51 повреден. Нема пациенти во Кочани и во Штип.
Испрати порака сите што не се пријавиле вчера за преглед, да се пријават денес.
Во клинички центар има 49 пациенти, во „8 Септември“ 18 пациенти, стара градска болница 17, додека во регионот и Европа бројот е следниов:
- Турција: 9
- Бугарија: 14
- Грција: 5
- Србија: 17
- Унгарија: 2
- Литванија: 4
Во теков на денешниов ден се планира да се упатат уште двајца во Словенија, евентуално уште двајца, потоа во Хрватска четворица, во Австрија 6 и во Србија уште 12.
