Тошковски: 45 лица од повредените се во критична состојба, пиротехниката во дискотеката ја донел бендот


Тошковски информираше дека 45 лица од повредените се во критична состојба, се транспортират во странство, а владата се труди да овозможи соодветно згрижување и лекување на истите.
Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја донел бендот „ДНК“, лицето кое било задолжено за нивна употреба е починато.
По завршување на увидот, ќе биде доставен извештај на ОЈО, по што ќе се утврди дали истите требале да поседуваат одреден сертификат за употреба.
Според Тошковски, дискотеката работела во објект чија што намена е лесна индустрија, а не угостителство. За цел клуб имало само два противпожарни апарати. Концертот бил одржан „на диво“ бидејќи немало писмен договор меѓу организаторот и оддржувачите.
Приведени се 5 лица со кои се разговара и меѓу нив е и поранешен министер. Нареден е претрес кај 2 лица. Правното лице немало валидна лиценца за работа, односно приложил вчера фалсификат лиценца па и кај него ќе се врши претрес.
Вчера приведени 13 лица во Штип, меѓу кои сопственик, обезбедување, продавач на билети, член на пазарен инспекторат, еден од трудов инспектор и уште некои. Сите имаат притвор од 7 дена за предизвикување на општа опасност.
