Македонија

(Видео) Сведоштво: Малолетник излегол од дискотеката оти дошла полицијата, па за 10 минути се случил хаосот

Полициски службеници упаднале во дискотеката „Пулс“ во Кочани само петнаесетина минути пред да избувне пожарот во кој загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се тешко повредени. Ивица Вучков, чиј малолетен син кобната ноќ бил во кочанската дискотека, за српски Информер изјави дека полицијата извршила рација само петнаесет минути пред да избувне пожарот.

– Син ми беше со другари. Тој бил близу вратата и кога видел дека полицијата влегла он излегол. Тоа беше околу 2:30 – вели Ивица и додава:

– Таму беше со другарите и сакаше да се врати бидејќи девојка му остана внатре, но го видел девојчето и останал надвор. За 10 минути било хаос, стопено се. Внатре било хорор, паѓал таванот, се топело.. Има видеа од тие што биле внатре, како гасат, како одат едни врз други. Имало еден излез, сите прозори блокирани, топилница било внатре.

На почеток