Македонија

Градоначалникот на Кочани засега не е осомничен, пуштен е дома по распитот

Градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов, нема статус на осомничено лице во постапката каде се утврдува вина за работата на дискотеката и пожарот во објектот каде загинаа 59 лица.

„Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката“, велат од Обвинителството.

Тој околу 19 часот, го напуштил Обвинителството каде што беше на распит.

Утрово пак, тој поднесе оставка.

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка: Ако имам одговорност, нека ме гонат

На почеток