Македонија

Бектеши, Максути и обезбедувачите добија 48 часовни притвори, кои по отворање на истрагата можат да бидат и 30-дневни

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши ќе заврши во притвор за следните 48 часа, исто како и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, откако судот го прифати барањето на обвинителството.

Судот на Кочани го прифати барањето на обвинителството за Бектеши да биде испратен во „краток притвор“, заедно со уште седуммина други осомничени, додека се уште се чека да се утврди во кој затвор ќе биде испратен.

48 часа притвор доби и Беким Максути, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во притвор беа однесени и неколку лица кои беа обезбедувачи на дискотеката а за кои се бара слобода.

„Скопје1“ побара детални информации од кочанскиот суд во однос на притворите – но не доби одговор. Засега нема информација ниту од Обвинителството кое ја предлага оваа мерка.

Мерката краткотраен притвор може да се побара за обезбедување на присуство на лица, пред отворање на истрага. По отворањетона истрагата, оваа мерка може да се продолжи за 30 дена.

На почеток