Од загинатите во Кочани, шест се малолетници – објавен список со возраста и бројот на починати

Од
Објавено на

Обвинителството до медиумите достави список со возраста на починатите лица во трагедијата во Кочани. Ова доаѓа по низата шпекулации во јавноста во врска со бројот на починати. Во дискотеката „Пулс“, 59 лица го загубија животот. Ден потоа, почина и возач на Брза помош-Кочани, кој неколкупати одел Кочани-Скопје за да спасува животи.
„Ви испраќам список со возраст и број на починати лица што е доставен до Јавното обвинителство од Институтот за судска медицина. Извештаите од извршените обдукции се изготвуваат и ќе бидат доставени до обвинителството“, стои во дописот од Обвинителството.
