Македонија

(Видео) Детали за објектот во кој беше сместена дискотеката

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека објектот на дискотеката „Пулс“ и неговата градба не е спорна до 2012 година, кога според него, почнала реадаптацијата за да почнат да се одржуваат забави.

„Одреден временски период се користи како фабрика за текстил, потоа како магацин. Дограден е еден дел од 50 метри квадратни, кој е легализиран во 2012 година и е приклучен на постојниот објект. Проблемот настанува кога се прават адаптации во внатрешноста. Настануваат проблеми кога се прават адаптации на внатрешноста, без да се добие одобрение од никого. И ставен е печат од одредено лице, кое или на слепо ставило или видело што се случува и го игнорирало тоа“, рече Николоски.

Министерството за економија требало да добие повеќе повеќе документи од повеќе институции, кои сами требало да ги прибават, за да дадат лиценца. Приватна фирма требало да утврди дали објектот е според стандарди или не.

„Сите документи се прибавуваат од Министерството за економија по службена должност“, додаде Николоски.

Повеќе во видеото:

На почеток