Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Во понеделник, 18:59, на плоштадот во Скопје почнува маршот за 59 жртви во Кочани - објавени барањата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
DJI_20250318184623_0202_D

Неформалната организација „Кој е следен“, која ги организираше и протестите за усмртувањето на Фросина Кулакова, најави марш по трагедијата во Кочани. Тие посочуваат дека собирот ќе биде на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во понеделник, во 18:59 часот, во чест на 59 жртви и возачот на Брзата помош. Слоганот е „Доста бевме ние, системо е следен“.

— реклама —

Во барањата стои:

— реклама —

„Македонија го имаше најтажниот и најтрагичен ден во својата историја и за тоа мораат сите виновни да сносат одговорност. Не смееме да бидеме повеќе сведоци на грозоморни настани, кои немаат правни разрешници, кои немаат последици за сторителите и кои не ветуваат дека во иднина тие нема да се повторат. Несреќите почнуваат да се множат, а нивните жртви стануваат се побројни. Како граѓанско движење, „Кој е следен?” ги бара следниве работи:

— реклама —

Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отварање до несреќата од следните институции:

- Државен пазарен инспекторат

- Министерство за Економија

- Државен градежен инспекторат

- Министерство за внатрешни работи

- Државен инспекторат за урбанизам

- Локална самоуправа во Кочани

- Локален градежен инспекторат

- Дирекција за заштита и спасување

- Управа за јави приходи

Дисциплинска, кривична и/или политичка одговорност од сите институции кај кои ќе се утврди пропуст во работењето поврзано со случајот „Пулс”;

- Соодветна одговорност за сите поврзани со изгорената модуларна болница;

- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот Онкологија;

- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Дурмо Турс;

- Соодветна одговорност за сите поврзани со случајот поврзан со Беса Транс;

- Комора на угостители да започне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не само за дерегулација и финансиска помош од државата

Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања