Над 40 кампањи за донации за Кочани се активни на „GoFundMe“, донирани се над 200.000 долари; Д-р Лазаров: Кој ќе одговара за париве?!


Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Досега, се собрани преку 200.000 долари и се се уште активни. Сите кампањи се креирани од различни организатори, а на истите, има илјадници донатори.

Screenshot

Screenshot

Screenshot
За ова на социјалните мрежи реагираше и Ненад Лазаров, доктор и еден од основачите на македонската платформа за донации „Ecrow“.
„Дали е нормално на GoFundMe да има 42 парaлени кампањи за настраданите во Кочани, собрани се преку 240.000 евра…
Кој ќе одговара за париве, за нивен трансфер, како ќе знавршат таму за каде се собрани, зошто и од која потреба се создава хаос ваков? Апосолутно НЕ Е ВО РЕД 99% од дискусијата за карастрофата да се сведе за финансии и некаква си неоправдана недоверба секој кон секого на само 7 дена од несреќата… Неколку изолирани случаи каде фалеше помош која верувам до моментов се помогна и таму, се друго е непотребна драма и дигање паника, за на крај да направите дел од настраданите да добија 5 пати помош а некој ниту еднаш“, напиша тој.
Ако се разгледаат донациите, има хуманитарци кои донираат и по илјада долари одеднаш.
