Свет

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.

Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

На почеток