Македонија

(Видео) „Не се пакувај, бори се“, граѓаните во „лесно запалива држава“ бараат правда за жрвите во Кочани

На мирен марш граѓаните бараат одговорност за трагедијата во Кочани.

Граѓаните вечерва се собраа на плоштадот Македонија во организација на движењето „Кој е следен?“. Бараат одговорност за најголемата трагедија во која минатата недела 59 лица ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Запалени свеќи, молк во спомен на жртвите.

Пораките на плоштадот ги испратија преку транспаренти: „Вашиот систем уби една цела генерација”, ,,Жртви на корупција”, „Лесно запалива држава”. Тие беа поставени на фонтаната на плоштадот.

Тргнаа од плоштадот, пред Собрание извикуваа „Уааа” за пратениците, пред болницата „Свети Наум Охридски“ изразија благодарност аплаудирајќи на здравствените работници и се упатија кон Влада извикувајќи и носејќи транспарент „Системот е следен”, бараат правда за жртвите.

На почеток