„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-26-at-13.44.06

Продолжуваме со тематските прес-конференции на кои детално и транспарентно ќе ве информираме за сите преземени активности, а уште поважно за тоа како течат процедурите и до која фаза се сите постапки. За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап - кој се заснова на брза акција, јасни правила и нулта толеранција за неправилности.

— реклама —

На оваа прес-конференција ќе зборуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и, се разбира, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Јас најпрво сакам да ве информирам дека ако до сега зборувавме за направени и завршени контроли и детално ги презентиравме бројките, денеска сакам да потенцирам дека и формално правно и административно, целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите.

— реклама —

Како второ, сакам да информирам дека од денеска пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, како што веќе и најавивме. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат.

Нашата влада не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори. Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно.

Остануваме посветени на оваа мисија, а за резултатите од нашите напори, за наодите и активностите коишто се преземени како дел од овој процес редовно продолжуваме да ве информираме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycshe3mf66sld7g6NC7m

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, ова е тема измислена од СДС за да се скријат внатрешните проблеми

Македонија | пред 4 дена

media-librarygnjv856a0pis4toKxg1

Протестите за буџетот во Бугарија пресудија: Колективна оставка на целата влада и на премиерот Желјазков

Свет | пред 1 седмица

media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Продолжува разрешувањето на државниот обвинител Коцевски, Владата му предложи на Собранието да го тргне од функцијата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv8s5tehpfptl2XOTjMo

(Видео) Филипче најави петиција: Не за мигранти, Македонија не смее да стане периферија на Европа!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања