Промени тема
Контакт

Продолжува разрешувањето на државниот обвинител Коцевски, Владата му предложи на Собранието да го тргне од функцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната редовна 134. владина седница ја соопшти најновата одлука: Владата го усвои предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител, со што се продолжува постапката која, поради законските ограничувања, беше привремено стопирана за време на изборниот период.

Митева нагласи дека причините за иницијативата се јавно познати и повеќепати образложени од страна на Владата – доследно, транспарентно и во интерес на институционалниот интегритет. „Нашата цел останува јасна: јакнење на правната држава и обезбедување непречено функционирање на органите во служба на граѓаните“, рече таа.

— реклама —

Според член 88 став 1 од Законот за јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од Советот на јавни обвинители, Владата му предлага на Собранието Коцевски да биде разрешен поради „крупни професионални грешки“ во раководењето со обвинителството, кои, како што се наведува, довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на институцијата.

Во образложението се наведуваат следните прекршувања:

— реклама —

– неовластено изнесување информации и податоци за судски предмети, со што била повредена обврската за тајност на постапката;
– нарушување на угледот на Јавното обвинителство и личниот углед, преку непостапување согласно обврските утврдени со Уставот, законите и меѓународните договори;
– нарушување на функционалноста и интегритетот на институцијата, што, согласно член 27 став 1 од Законот за јавно обвинителство, претставува одговорност на јавниот обвинител како раководител на органот;
– повреда на должноста за чување на угледот на функцијата, предвидена во член 82 став 1 од Законот.

— реклама —

„Имајќи ги предвид сите утврдени повреди, Владата му предлага на Собранието да го разреши јавниот обвинител Љупчо Коцевски“, изјави Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ за договорот за вода во Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrjbkvm5o45iq4DtLhYf

Кризна состојба во целата држава: Владата ги мобилизира сите институции за справување со пожарите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања