Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Извештајот на ЕК за 2026 година тема на денешната дискусија во Владата: Во фокусот напредокот и реформите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-library752h05roicf34cJytLV

Напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија и спроведувањето на реформите ќе бидат во фокусот на денешната дискусија во Владата, посветена на годишниот извештај на Европската комисија за 2026 година.

— реклама —

На панел-дискусијата „Извештајот на Европската комисија за 2026 – напредок и реформи“ ќе учествуваат министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Бен Нупнау. Дискусијата ќе ја модерира владината портпаролка Марија Митева.

— реклама —

Во пресрет на настанот, Муцунски преку објава на Фејсбук оцени дека извештајот го препознава напредокот на земјата и нејзината определба за членство во Европската Унија.

Тој посочи дека Европската комисија констатирала добро ниво на подготвеност и сериозен напредок во поглавјето 31, кое ги опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика, како и целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

— реклама —

Муцунски ги издвојува и позитивните оценки за исполнувањето на претходните препораки, политичкиот дијалог со Унијата и напредокот во поглавјето 30 – „Надворешни односи“. Меѓу забележаните достигнувања ги наведе и зголемената одбранбена подготвеност, поддршката за Украина и активното учество во меѓународните организации.

— реклама —

Според Муцунски, овие оценки ја потврдуваат позицијата на Македонија како кредибилен партнер на Европската Унија и нејзината стратешка определба за полноправно членство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 4 седмици

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања