Свет

(Видео) Жена се породила на улица во Бангкок откако била евакуирана болница

Жена се породила на улица во Бангкок, откако вчера болницата во која била била евакуирана поради силниот земјотрес во Мјанмар.

Потсетуваме дека поради тресењето на земјата предизвикано од земјотресот, Меморијалната болница Кинг Чулалонгкорн и болницата БНХ беа евакуирани.

Пациентите биле преместени во блискиот парк, вклучувајќи ги и оние на носилки и во инвалидски колички. Вработените во болницата продолжија да се грижат надвор, пред зградите на болницата.

На почеток