Првообвинетиот за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше вратен во судница откако обвинетиот Влатко Кешишев заврши со давање одбрана и одговарање на прашањата од судијата Ивица Стефановски и адвокатот Игор Ефтимов. Час и 10 минути, траеше читањето на исказот на Кешишев, а Палевски запишуваше рачно. Палевски побара судијата Стефановски да чита пополека за да може да запише сѐ, па судијата продолжи со побавно читање.
Судијата Стефановски констатираше дека Палевски знае каков исказ дал Кешишев, додека пак, обвинетиот, рече дека запишал колку што можел и побарал во келијата во затворот во Шутка, да му се достави записникот за да може да направи прашања кои ќе му ги постави на Кешишев во петок.
Со ова, заврши денешното рочиште.
ПРЕТХОДНО:
Кешишев за планот за убиството на Вања: Го смисли Палчо, тој имаше пиштол во рака, а мене ме викнаа за закопувањето
Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче.Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу нив беше договорот, меѓу Палчо, Вељо и Боре. Планот го правеше Палчо.Адвокатот Игор Ефремов: Каква беше вашата улога? (се мисли на планот за грабнувањето на Вања)Обвинетиот Влатко Кешишев: Беше да ја поместам колата до пред скалите (на зградата каде живееше Вања) и да го отворам гепекот и да седнам на совозачко седиште. Jас требаше да седам во цитроенот, да не го гасам да работи. Тогаш и јас имав моторола, јас Палчо и Вељо. Ми кажаа да го отворам гепекот. Јас тогаш излегов,го отворив, Вељо дојде прв носеше вреќа, ја стави во гепекот и отидовме. И отидовме до Бразда и тука заврши се“.Според Кешишев, возел Велибор Манев кого тој го нарекува Вељо. Позади нив седел Боре Видевски (каратистот). Палевски им се придружил кај позвожњакот кај Качанички пат.„И возеше пред нас, ние по него, за да стигнеме до местото“, рече Кешишев.Продолжи да сведочи што се случувало по грабнувањето на Вања Ѓорчевска.„Никој ништо не прозборе додека не стигнавме до местото. Кога стигнавме, излеговме сите од колата од ‘цитроенот’, Палчо од ‘кангуто’, и тој ми кажа да одам едно 20 метри да внимавам ако наиде некој бидејќи долу под патот имаше викендица со лозје, со црвени блокови, немачкана, и ми кажа да стојам на тоа растојание да гледам да не наиде некој. Па едно 3-4 пати се свртев да видам што се случува, првиот пат ги видов кога разговараа а гепекот беше отворен, не знам што разговарале беа одалечени. Повторно кажувам не се правдам, не напаѓам никого туку кажувам како што беше. Чекав таму,они разговараа. И после кога се свртев работеа, копеа. И последниот пат кога се свртев видов дека Палчо држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. И потоа слушнав истрел пукање-тап, тап ама некако тапо. Како неприслушно. На крај ме викнаа да го ззатрупаме телото и не го видов беше покриено со земја. Се покри се за кратко време, ставивме стари работи кои ги најдовме таму, се што имаше фрлено. Тогаш Палчо ги избриша лопатите, една лопати и ашов и еден копач со ВД 40. Ги ставивме во ‘кангуто’, позади јас и Боре, а Палчо возеше со ‘кангуто’. Вељо го возеше ‘цитроенот’. Излеговме на патот на селото Бразда, на едно 500 метри ми кажа да ги фрлам лопатите и копачите во една банкина покрај патот, каде што имаше капини. Јас ги фрлив, он полека возеше, и продолжив со ‘кангуто’ до местото каде што се запали ‘цитроенот’“ рече Кешишев. Адвокатот Игор Ефремов: Кога видовте дека станува збор за мало девојче?Обвинетиот Влатко Кешишев: Кога го запаливме ‘цитроенотот’ се вративме во штабот, Велибор и Боре тргнаа кон Велес, Палчо остана сам во студиото, јас отидов во кујната да правам кафе и тогаш видов на ФБ дека се бара дете. Кога влегов ја покажав сликата од телефонот на детето, а Палчо не ми одговори ништо. ‘Што е ова?’, го прашав и не ми одговори ништо. Jас се повлеков во кујната и таму имав кревет, спиев таму. Кога отиде во Белград не знам, не разговаравме, не ми беше јасно ништо што се случи. Доволно ми беше што видов на слика дете, на ФБ“ рече Кешишев.Тој сведочеше за алататот со кој било извршено закопувањето на Вања.„Алатот беше во ‘кангуто’, претходно купени од Бит пазар, јас и Палчо. Пазарувавме нешто за јадење и тогаш Палчо ми рече дека имаме да земеме уште нешто. Тогаш ги купи лопатите и копачот“ рече Кешишев кој не го прашал Палчо зошто ги купил.„Моторолите ги купи Палчо, пиштолот бил на Боре, како што слушнав овде, не можам да тврдам, не сум го видел не бев таму“, додаде тој.
Македонија | пред 8 месеци
Палевски бил „Царот“ во именикот на Кешишев, кој сведочеше дека извршувал сѐ што ќе било побарано од него
„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секаква наредба.„По навика му бев послушен. Палчо ми кажа да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишев кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се цензурира.Тој посочи дека било посочено дека ќе има грабнувања на луѓе, но не и убиство. Овој исказ е ист како оној на Велибор Манев даден на претходните рочишта. Потоа посочи и: „Рекоа дека никој не смее да дознае за ова, бидеќи можат и глави да летаат“.Кешишев последен пат на телефон се слушнал со Палевски кога првообвинетиот беше во Турција, односно денот кога полицијата ја претресуваше канцеларијата на партијата „Десна“. Тогаш Палчо му рекол дека е во Турција, а кога слушнал дека врие од полиција во партиското седиште веднаш го прекинал повикот.Кешишев сведочеше и како истите лица, односно тој заедно со Палевски, Велибор Манев и Боре Видевски биле во пештера кај Демир Капија да копаат злато.„Вељо (Велибор) нѐ натера, тој и Боре влегоа во пештерата, јас и Палчо запаливме цигара покрај реката. Дојде полиција, ги претресоа Боре и Вељо, а го најдоа и пиштолот на Палчо“, рече Кешишев.Обвинетиот одговара на прашања на обвинителството, а потоа ќе треба да се соочи и со Љупчо Палевски и Боре Видевски кои негираат дека воопшто учествувале во двојното убиство.Претходно во детали сведочеше за грабнувањата и убиствата.
Македонија | пред 8 месеци
Кешишев раскажа за планот за грабнувањето на велешанецот Панче: Копавме дупка, мислев се бара злато, па Велибор кажа дека е за киднапирање
Обвинетиот Влатко Кешишев во судница призна дека тој заедно со Велибор Манев, ја копале дупката во која подоцна беше фрлено телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката ја ископале во 2022 година, активност за која Кешишев вели: „Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо, така копавме, па се стемни, па се вративме назад“. Тој знаел и учествувал во киднапирањето, но посочува дека не знаел дека Жежовски е фрлен во дупката во чие копање тој учествувал.Целиот распит за грабнувањето и убивањето на Панче Жежовски:Адвокатот Игор Ефремов: Влатко дали се познаваш со останатите обвинети, ако да, со кои и од кога?Обвинетиот Влатко Кешишев: Се познавам со сите. Од штабот на Десна, ги запознав во Опера Хаус, кога почнав таму да работaм крајот на септември, кога се вратив од Хрватска. Со еден сопартиец од Штип зборевме дека треба да готвам за децата преку патот, има училиште, бидејќи најуваа дека „лок даун“. Спремивме мал шанк и се што е потребно да не влегуваат внатре и од таму да испорачуваме сендвичи за децата. Бидејќи немаше лок даун останав да готвам за Палчо, за мене и некој гостин ако побара. Палчо го запознавам на протест во Скопје и повеќе се запознававме во Опера Хаус. Таму ги запознав и Велибор и Боре.Адвокатот Игор Ефремов: Дали го познаваш Александар Ѓорчевски? Обвинетиот Влатко Кешишев: Епа го видов овде во судница.Адвокатот Игор Ефремов: Кои беа твоите обврски во партијата и кој ти ги даваше обврските?Обвинетиот Влатко Кешишев: Мојата обврска беше да готвам и да ги пречекувам гостите кои ќе доаѓаат во партијата за да даваат поддршка на партијата која тогаш беше Движење Трета. Служев, давав кафе, сок, вода така ќе ги пречекував сите.Кешишев рече дека не бил вработен, не примал плата од партијата но не се жали бидејќи тоа беше акција да се формира една партија. Кешишев имал понуди да работи на други места, а добар впечаток имал оставено и во Хрватска. Но сакал да работи за партијата. Адвокатот Игор Ефремов: Дали ги познаваш оштетените?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, ги видов на ФБ, до тогаш ги немав видено. Кога беше објавено за Панче, првиот пат, а за Вања видов кога се вративме видов на ФБ дека девојчето се бара. Адвокатот Игор Ефремов: Дали имаш учествувано во копање на дупка во близина на Велес?Обвинетиот Влатко Кешишев: Да, тоа беше 2022 година, во недела дојде Велибор во работно одело, бевме сами јас и Палчо, бидејќи во недела спрема емисија за навечер. Тогаш не ми кажаа што е работата само ми кажаа да им помогнам, јас го послушав, отидовме заедно со Вељо, со неговата кола. Стигнавме кај местото Рудник, по стариот пат, од кај Катланово, таму имало стар пат за Велес и од таму се оди за Рудник. Кога стигнавме таму, Вељо извади лопати и влеговме во едни грмушки. Закриено место. И таму обележа еден круг Вељо и почна да копа, ништо не зборувавме. Јас ја исфрлав земјата. Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо. Така копавме до 2 метри длабочина се пакувавме и се вративме назад. Не зборувавме ништо. Се сучуваше во недела, бидејќи Вељо беше само во недела слободен. Пак отидовме двајцата на истото место и почнавме пак да работиме, он да копа, јас да ја исфрлам земјата. Мислев дека се работи за злато. Нелакомо на тоа, само на тоа помислив.Дупката била наменета за киднапирање на лице му кажал Вељо, сведочеше Кешишев. Дупката стоеше отворена од 2022 година додека не случи со Панче, рече обвинетиот. Обвинетиот Влатко Кешишев за снимките од куќата на Велибор Манев: Бев вечерта со Палчо, датум не паметам, се работи за таа вечер. Палчо го носеше ранецот, и го стави на совозачкото седиште каде што седев јас помеѓу нозете и тој ми побара да го извадам. Претходно извадив кеса, внатре се гледаа токи-воки моторилите. Кесата ја однесов во гаражата каде пиевме кафе и се договараа што како. Мислам дека ранецот го вративме во возилото.На прашањето што разговарале таа вечер Кешишев кажа: „Се разговараше за Панче и како да се пријде до него во куќата. Околу половина час разговаравме. Потоа ги земаа токи-воки, тројцата и тргнаа кон Панче, кон куќата. Мене ме оставија да го земам „кангуто“ и да чекам долу на страна на патот. За да се вратат они“ рече Кешишев и дополни дека тој немал моторола и ги чекал околу 40-тина минути.Потоа се вратија, рече Кешишев, кажаа дека ништо не бива и се вративме назад во штабот во Скопје.„Вториот пат, сабајлето утре дента, тогаш успееја. Отидовме пак, мене ме оставија кај пругата. Палевски замина, како што се договорија кај Панче. Јас останав во ‘реното кангу’, бидејќи Палевски ми рече да не излегувам да го чекам да се врати“ рече Кешишев и кажа дека ги чекал околу еден час.„Се вратија со ‘Цитроенот’ со нив тројцата, они се спуштаа и се паркираа покрај ‘кангуто’, со цитроенот на Панче. Запаливме по една цигара и тогаш Палчо го фрли во фолот, каде што имаше капини. И се договоривме ние да одиме, до мене седна Вељо и ми покажуваше патот. Возевме 200-300 метри а во ‘Цитроенот’ беа Боре и Палчо. Вељо имаше моторола и му кажуваше дека патот е чист. И тогаш стигнавме до тоа место, Вељо излезе од кангуто, отиде со нив, со ‘Цитроенот’, до дупката. Кога се вратија Вељо пак седна до мене и ми кажа да влеземе на стариот пат до Катланово. Од таму стигнавме до првата населба, Маџари или како се вика,не знам. Палчо му јави на Вељо да се паркираме на поголем паркинг, а тој се паркираше позади нас. Излегоа од колата и мислам дека ги избриша воланот и мењачот со ВД 40, и дојде во кангуто и до него седеше Вељо, а јас и Боре бевме позади во кангуто и стигнавме во штабот“.Кешишев не знаел дека Жежовски е во гепекот, тоа го слушнал додека разговарале останатите обвинети. По пат до Скопје не зборувавме ништо, Велибор зборуваше само со Палевски.„Не го видов Панче Жежовски бидејќи рекоа го ставиле во ќебе, во гепек. Од тоа што разговараа, дознав дека Панче е во гепекот. Кога дојдовме во штабот на партијата во Скопје, тогаш сфатив дека Панче всушност е убиен“, тврди Кешишов.„Во штабот дознав дека грабнатиот Панче е убиен и фрлен во дупката“ рече Кешишев.„Која беше целта во разговорите за грабнување на Панче Жежовски?“, беше прашан обвинетиот, на што одговори: „Целта пред се беше за возилото, човек кој живее сам кој нема да го бараат. Возилото да се грабне за друга намера“.
Македонија | пред 8 месеци