Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Палевски бил „Царот“ во именикот на Кешишев, кој сведочеше дека извршувал сѐ што ќе било побарано од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
palco

„Царот“, ова бил псевдонимот под кој бројот на Љупчо Палевски-Палчо бил заведен во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев. Тој не криеше дека правел сѐ што Палчо ќе побарал од него, односно извршувал секаква наредба.

„По навика му бев послушен. Палчо ми кажа да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, сведочеше Кешишев кој претходно побара Палевски да излезе од судницата за да може да сведочи за убиствата на Вања и Панче, без да се цензурира.

— реклама —

Тој посочи дека било посочено дека ќе има грабнувања на луѓе, но не и убиство. Овој исказ е ист како оној на Велибор Манев даден на претходните рочишта. Потоа посочи и: „Рекоа дека никој не смее да дознае за ова, бидеќи можат и глави да летаат“.

Кешишев последен пат на телефон се слушнал со Палевски кога првообвинетиот беше во Турција, односно денот кога полицијата ја претресуваше канцеларијата на партијата „Десна“. Тогаш Палчо му рекол дека е во Турција, а кога слушнал дека врие од полиција во партиското седиште веднаш го прекинал повикот.

Кешишев сведочеше и како истите лица, односно тој заедно со Палевски, Велибор Манев и Боре Видевски биле во пештера кај Демир Капија да копаат злато.

— реклама —

„Вељо (Велибор) нѐ натера, тој и Боре влегоа во пештерата, јас и Палчо запаливме цигара покрај реката. Дојде полиција, ги претресоа Боре и Вељо, а го најдоа и пиштолот на Палчо“, рече Кешишев.

Обвинетиот одговара на прашања на обвинителството, а потоа ќе треба да се соочи и со Љупчо Палевски и Боре Видевски кои негираат дека воопшто учествувале во двојното убиство.

— реклама —

Претходно во детали сведочеше за грабнувањата и убиствата.

kesisov

Кешишев за планот за убиството на Вања: Го смисли Палчо, тој имаше пиштол во рака, а мене ме викнаа за закопувањето

Обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања Ѓорчевска беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче.Адвокатот Игор Ефремов: Дали знаевте колку пари треба да се земат и кој треба да ги земе?Обвинетиот Влатко Кешишев: Не, еднаш му кажав на Палчо дека е непотребно такви работи. Меѓу нив беше договорот, меѓу Палчо, Вељо и Боре. Планот го

Македонија | пред 1 година

— реклама —

kesisov-515124

Кешишев раскажа за планот за грабнувањето на велешанецот Панче: Копавме дупка, мислев се бара злато, па Велибор кажа дека е за киднапирање

Обвинетиот Влатко Кешишев во судница призна дека тој заедно со Велибор Манев, ја копале дупката во која подоцна беше фрлено телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката ја ископале во 2022 година, активност за која Кешишев вели: „Во прво време помислив дека бараме злато, бидејќи не ми беше кажано ништо, така копавме, па се стемни, па се вративме назад“. Тој знаел и учествувал во киднапирањето, но посочува дека не знаел дека Жежовски е фрлен во дупката во чие копање тој учествувал.Целиот

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

palco

(Видео) Адвокатот на Палчо бара одново да се суди убиството на Вања и Панче, па тврди дека тој е невин

Настани | пред 1 месец

— реклама —
vanja-gjorcevski-aleksandar-

Таткото на Вања кажа дека се чувствува како заложник, Туфегџиќ го нападна Обвинителството: Токму затоа што нема докази треба да биде ослободен

Македонија | пред 1 месец

media-libraryceng4lkp9km01YFeyx6

Александар Ѓорчевски имал клучна улога во грабнувањето на Вања, тој пратил порака до девојчето кога се договарало грабнувањето, вели обвинителот

Македонија | пред 1 месец

vanja-palco-velibor-bore-gjorcevski4

Жалбите за пресудата за убиствата на Вања и Панче денеска пред Апелациски суд

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања