SkyNews: Кина се соочува со загубa на милиони работни места и колапс на многу мали бизниси


Дописникот на SkyNews од Азија од Пекинг пишува дека Кина ги очекувала новите царини и најверојатно се подготвувала за нив, но ниту едно ниво на подготовка не може да го ублажи моменталниот удар што овој последен бран царини ќе и го нанесе на кинеската економија.
„Кога ќе ги додадете тарифите воведени претходно оваа година на оние кои се уште важат од првиот мандат на Трамп, сите кинески производи сега ќе бидат оптоварени со повеќе од 50% увозни царини, а некои би можеле да достигнат 70%. Таквите нивоа на царини ја прават практично невозможна трговијата со Америка за огромното мнозинство кинески компании ќе биде огромна и широко распространета“, пишува SkyNews
Експертите веќе предвидуваат губење на милиони работни места, колапс на бројни мали бизниси кои ги сочинуваат сложените синџири на снабдување во Кина и многу е веројатно дека Кина нема да ја достигне целта за раст на БДП од околу 5%.
„За земја која веќе се бори со забавена економија и висока невработеност, ова претставува сериозен предизвик“, додаваат тие.
Особено е изненадувачки што царините се насочени и кон помалите економии од Југоисточна Азија.
Реципрочните тарифи од 46% за Виетнам, 49% за Камбоџа и 36% за Тајланд не само што се катастрофални за овие економии со пониски приходи, туку претставуваат и бариера за кинеските компании кои неодамна го преселија производството во овие земји за да ги избегнат американските царини – дури и заобиколувањата сега се невозможни, пишува Ројтерс.
Влијанието врз поширокиот азиски регион веднаш се почувствува со пониско отворање на пазарите, при што берзите за фјучерси забележаа значителни загуби. Големите регионални економии – Јапонија, Јужна Кореја и Индонезија – исто така беа тешко погодени.
Речиси сигурно се водат интензивни преговори зад сцената, но Кина ќе мора да покаже дека ќе одговори. Нејзиното министерство за трговија веќе го објави во своето соопштение. Прашањето е кога и колку силно Кина ќе реагира, заклучува Ројтерс.
