(Видео) Драма во Дебар маало, откако ПОЦ одби да крене непрописно паркирано „Порше“ на полицаец


Вработени во Паркинзи на општина Центар и полицаец беа во поход да кренат непрописно паркирано возило пред Боемска улица во Дебар маало, но откако се поколебаа, започна драмата. Според снимката, полицаецот откако утврдил дека станува збор за возило паркирано од негов колега, се повлекуваат – како возачот, така и полицаецот.
„Еве, еве кои се, не сакаат да земат началничка кола“, извикува снимачот на видеото.
Продолжува убедувањето од страна на полицајците кон граѓаните кои бараат неселективност. Во еден момент, полицаецот ги убедува дека „Поршето“ кое е паркирано е службено возило на полицаецот.
„Кое службено возило, седи тука три саати“, вели девојка.
Во тој момент, полицаецот ги убедува присутните и вели: „Сега ќе го тргне…“
Потоа одново се реагира: „Четири саата седи тука, пиши му казна, кое ‘порше’ е службено возило. Седи тука, јаде пие, пиши му казна“.
Потоа, полицаецот влезе во угостителскиот објект. Излезе и даде насока да се крене возилото, што беше поздравено со аплауз.
Снимката, неофицијално, е направена пред една недела. Од вчера, стана и вирална.
