Ленинова добива нови липи – започна обновувањето на дрворедот во Дебар Маало
На улицата Ленинова во Скопје започна обновувањето на дрворедот со липи, при што во првата фаза се засадени 11 нови садници.Информацијата ја сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи.Тој посочи дека реконструкцијата на улицата не опфаќа само поставување нов асфалт и бекатон, туку и зачувување и обновување на зеленилото кое е препознатлив дел од амбиентот на Дебар Маало.„Дрворедот од липи е дел од Дебармаалската приказна“, порача Герасимовски
Скопје | пред 38 минути