„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

За член на Комисијата за заштита од дискриминација е предложен Вецко Здравески, обвинет со Милошоски во „Моќник“, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-04-04-at-11.07.26

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на предлогот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за избор на Вецко Здравески како член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Изборот, според нив е направен нетранспарентно, по партиски клуч, и без почитување на законски утврдените критериуми за стручност, со што директно се урива независноста и легитимитетот на ова клучно тело за човекови права.

— реклама —

„Седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата беше закажана на нетранспарентен начин – повикот за јавна расправа беше испратен во последниот работен ден пред нејзиното одржување, што го ограничуваше учеството на јавноста и експертската заедница. За време на излагањата на кандидатите во салата во ниту еден момент немаше повеќе од 15% од вкупниот број на членови на Собранието.Кандидатот Вецко Здравевски не го исполнува критериумот - најмалку седум години работно искуство од областа на човековите права од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација.

Од спроведеното интервју со кандидатот, неговото претставување и одговорите на прашањата од јавноста, јасно произлегува дека тој нема релевантно знаење, ниту разбирање на клучните основи за дискриминација. Недостатокот на чувствителност и разбирање на овие теми отвора сериозни сомнежи дека тој би постапувал непристрасно и еднакво кон сите граѓани, особено кон маргинализираните заедници, кои пак, се меѓу најчестите жртви на дискриминација.

— реклама —

Дополнително, фактот што кандидатот бил член на Комисијата за верификација на факти (Комисија за лустрација) – тело остро критикувано од Европската унија поради злоупотреби, политички мотиви и можни прекршувања на човековите права е особено загрижувачки. Европската комисија во 2015 година препорача прекин на процесот на лустрација поради неговата идеолошка и селективна примена.

Дополнително, Здравески беше обвинет заедно со Антонијо Милошоски во случајот „Моќник“, поврзан токму со делувањето на Комисијата за лустрација. Случајот беше затворен поради застареност на делата, а не поради утврдена невиност.Таквото минато не само што не е квалификација, туку е и сериозен аргумент против неговото именување во тело чија цел е заштита на човековите права. Иако кандидатот не е носител на функција во политичка партија, од неговите изјави во јавност произлегува јасна поврзаност со политичка партија со силно влијание во Собранието.(во 2019, медиумите пренесуваат статус на кандидатот: ВМРО е судбина и иднина за Татковината,a самиот кандидат е ословен како „ветеран на ВМРО-ДПМНЕ“)”, стои во соопштението на Мрежата за заштита од дискриминација која бара Собранието да не го изгласа предложениот кандидат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања