„Марш за ангелите”, протестен марш во Кочани за 60 загинати


Под мотото Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, ќе се одржи протестен марш во Кочани.
Овој марш треба симболично да ја покаже задоцнетата институционална реакција, а го организираат семејствата на 60 те починати во трагичниот пожар. Собирно место е во Паркот на Револуцијата, по што граѓаните ќе се упатат кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
„Маршот на семејствата на покојните не е за поддршка на обезбедувањето, единствено и исклучиво за почит спрема покојните и барање на правда“, стои во известувањето.
Оние кои не го прифаќаат таквото укажување не мора да се приклучуваат.
Другиот протестен марш под називот „Ваш профит – наши животи“ е закажан за во 15 часот и 59 минути и ќе има слична маршрута до институциите како и претходниот. Притоа, во најавата што беше објавена на социјалните мрежи, не е наведено кој го организира, само дека ќе се одржи викендов.
