Свет

Рацете подалеку од нашата демократија-протести против Трамп

Многу граѓани се против политиките на Доналд Трамп, тие во делови од САД одржаа околу 1.200 протести под името “Настрана рацете”.

Демонстрации се одржаа во сите 50 сојузни држави, а учествуваа и демонстранти од Канада, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Мексико и Португалија.

Се демонстрираше против повеќе одлуки на Трамп, вклучувајќи ја и последната со високите царини.

Незадоволство има и од ограничувањето на правата на трансродовите лица, депортирањето имигранти, ограничувањето на правото на абортус и идеите за намалување на социјалното осигурување и здравствената заштита за ветераните. Особено незадоволство беше изразено и од силното влијание на моќните елити, особено соработката со Илон Маск.Според демонстрантите, Трамп и Маск спроведуваат насилно превземање и напад на американските права и слободи.

Еден од најголемите собири се одржа во Националниот трговски центар во Вашингтон, каде според проценките на организаторите се собраа над 100.000 лица.

Како што јавуваат светски медиуми, на некои од собирите има обраќање и на високопозиционирани политичари на демократите, на лидери на синдикатите, лидери на ветерански организации и невладини организации.

Протести против политиката на Трамп се одржаа и во европските градови Берлин, Франкфурт и Лондон. Во Берлин, демонстрантите го критикуваа влијанието на Маск врз американската политика, додека во Париз, околу 200 луѓе носеа транспаренти со пораки како „Спасете се од тиранијата“ и „Спасете ја демократијата“.

На почеток