Свет

Вучиќ во 20:00 часот ќе го соопшти новиот премиер

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во 20:00 часот од Палатата Србија ќе се обрати до нацијата во врска со формирањето на новата влада.

Како што соопшти неговиот кабинет, Вучиќ ќе го предложи кандидатот за премиер до Народното собрание, согласно уставните надлежности, откако ги сослушал ставовите на избраните парламентарни листи.

Рокот за избор на нова влада истекува на 18 април на полноќ.

Лидерот на СНС и екс премиер, Милош Вучевиќ, изјави дека изборот е сведен на двајца кандидати. Вучиќ рече дека не сакал да има пресудно влијание врз изборот, но ја истакнал важноста на задачите што стојат пред новата влада.

Тој најави и претставување на движењето „За народот и државата“ на митингот во Белград на 12 април.

На почеток