Македонија

(Видео) Мицкоски до Ахмети: Вратете се на џогирање на падините на Водно, ќе ви се разбистри умот за да дадете квалитетна идеја

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека ДУИ се уплашени оти треба да одговараат, па ги делат граѓаните. Им порача да се посветат на џогингот и зелената агенда, но остава на нив да одлучат. Според него, ДУИ предизвикува етнички тензии и во јавноста наметнува етнички предзнак на многу прашања, оти се водат истраги против нивни функционери.

„Јас би ги повикал да се вратат на зелената агенда што ја промовираа пред неколку години, кога џогираа на падините на скопско Водно, можеби при таков еден џогинг, ќе им се разбистри умот и ќе дадат една квалитетна идеја“, рече Мицкоски.

За обвинувањата од Али Ахмети, Мицкоски рече: „Навистина толку успеси има оваа Влада, што беспредметни е да се коментираат изјавите на Али Ахмети. Не ги делиме граѓаните, имаме мултиетничко општество кое не го делиме. Ние ги делиме граѓаните на лојални и чесни кои почитуваат Устав и закони и оние кои не почитуваат“.

На почеток