Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Како Кина ќе му одговори на Трамп? Еден потег може да го налути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет

Скај Њус во анализата објавена утринава пишува дека дополнителните царини на Доналд Трамп би можеле да ја уништат трговијата меѓу САД и Кина, а потенцијалниот одговор на Пекинг би можел да вклучи мерки кои навлегуваат во културата и безбедноста. Тие потенцијално вклучуваат забрана на американски филмови и прекинување на соработката во борбата против шверцот со фентанил.

— реклама —

Минатата недела американскиот претседател објави тарифи од 34 отсто за кинеските стоки (кумулативно 54 отсто поради веќе важечките 20 отсто), а за време на викендот најави можно зголемување за уште 50 отсто, што би можело да го доведе вкупното тарифно оптоварување на кинескиот увоз на неверојатни 104 отсто.

— реклама —

Скај наведува дека ова е ниво што го прави секое тргување речиси невозможно.

— реклама —

Додека голем број други земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Јапонија и Израел, веќе сигнализираа подготвеност за преговори, Кина досега одбиваше да влезе во играта на притисок, според Скај.

— реклама —

Кина во моментов е единствената голема земја која одлучи да се спротивстави на Трамп. Пресметката е јасна - подобро е да ја платиме цената на отпорот отколку да изгледаме како некој да не принудил да попуштиме, се наведува во анализата.

Скај Њус анализира низа можни одговори:

-Понатамошни контроли на извозот на метали од ретки земји, кои се клучни за производство на технологија (од чипови до оружје). Иако Кина го контролира најголемиот дел од светските залихи, САД веројатно ќе најдат алтернативни добавувачи во одреден момент.

-Зголемување на царините за американските стоки, особено земјоделските производи како соја и говедско месо. Но, како што истакнува Скај, просторот за ескалација е ограничен, бидејќи одговорите на Кина се веќе делумно исцрпени.

-Удар за големите американски компании како Apple и Tesla. Меѓутоа, во време кога Кина се обидува да се позиционира како глобално привлечна за инвестиции, таквиот потег може да има негативен сигнален ефект.

-Девалвација на јуанот е исто така опција, но Скај предупредува дека тоа ќе предизвика одлив на капитал и потенцијално ќе ја загрози домашната финансиска стабилност.

Најконтроверзните опции се од политичка природа и би можеле да ја претворат трговската војна во поширока конфронтација:

-Прекин на соработката со САД во борбата против шверцот на фентанил, опиоид кој е клучна тема на политиката на Трамп. Таквиот потег би бил еден вид црвена линија за Трамп и би можел да го разбесни.

-Неофицијални кинески канали пренесуваат дека се размислува за забрана за прикажување на американски филмови во Кина, што би му задало удар на Холивуд.

-Можен е и повик до кинеските граѓани да ги бојкотираат американските производи, кои би имале и симболична и пазарна тежина.

Скај ја завршува својата анализа со предупредување дека ако се оствари ова сценарио, светот би можел да гледа не само на целосно економско одвојување на САД и Кина, туку и на културен раскол.

Тоа би поставило преседан - не само за трговијата, туку и за начинот на кој функционираат глобалните односи воопшто, заклучува анализата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

satelit

Сателитски снимки разоткрија масивна „државна тајна“ во Кина: нови објекти за нуклеарна инфраструктура во Сечуан

Свет | пред 1 ден

si-dziping2

Кина иницира дијалог со Тајван преку опозицискиот лидер

Свет | пред 5 дена

media-library2bbm4cohp8b1aZLfl9L

Кина го мапира морското дно низ океаните, Западот алармира за можни воени цели

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

Кинескиот извоз силно расте и покрај царините на Трамп

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања