За пожарот во Кочани: Приведени двајца поранешни министри, поранешен и актуелен директор


Уште четири лица со или кои биле на функции се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 61 лице. Приведени се ексминситрите Ваљон Сарачини кој раководел со Министерството за економија од 2011 до 2014, односно моментите кога „Пулс“ првпат добива дозвола во 2012 година. Потоа, уапсен е и неговиот наследник Беким Незири, во чие време исто така „Пулс“ работела. Освен нив, приведени се и поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу кој сега е министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, како и моменталниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кој доаѓа од редовите на Вреди.
„По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек“, велат од Обвинителството.
Порталот „360 степени јавува дека „истрагата се проширува за 23 нови осомничени“. Информацијата досега не е потврдена од МВР и Обвинителството. Пред ова, осомничени беа 17 лица, од кои три добија куќен притвор, другите се во ефективен притвор. Најголем дел се лица кои што биле вклучени во издавањето на лиценцата – ексминистри, ексградоначалници, инспектори. Осомничени се и полициски службеници за кои се води засебна постапка – седум од нив се во притвор. Другите се сопственикот на дискотеката, обезбедувачите на објектот.
